MTTR (Mean Time To Repair) е просечното време колку машината стои кога ќе се расипе — од моментот кога застанала до моментот кога пак работи. Одговара на прашањето: „Колку долго трае кога ќе се расипе?“
Формула
MTTR = вкупно време на застој поради дефекти ÷ број на дефекти
Пример
Преса PR-04 во една недела имала 5 дефекти со траење 12, 35, 18, 9 и 26 минути. Вкупно 100 минути. MTTR = 100 ÷ 5 = 20 минути.
MTTR не е само поправка
Кога ќе се раздели, MTTR речиси секогаш покажува дека самата поправка е помалиот дел. Типичен дефект од 26 минути:
- Чекање да се забележи — 4 мин (операторот прво сам пробува).
- Чекање на техничар — 9 мин (не го слушнал повикот, бил на друга машина).
- Дијагноза — 5 мин.
- Чекање дел — 6 мин (делот е во магацин на другиот крај).
- Поправка и пробен циклус — 2 мин.
Само 2 од 26 минути се „поправка“. Останатото е време на одзив и организација — и тоа се решава без нов алат или нов техничар.
Како се намалува
- Брз и јасен повик — Andon што оди директно до техничарот на телефон, со машина и причина, наместо барање низ халата.
- Ескалација — ако никој не прифати за 10 минути, повикот оди на следното ниво.
- Делови при рака — залиха на делови што најчесто се трошат, по историјата.
- Запис на причината — следниот техничар знае што било минатиот пат.
Одзив и поправка одделно
Корисно е MTTR да се гледа во два дела: одзив (од повикот до доаѓање на техничарот) и поправка (од доаѓање до решено). Ако одзивот е голем — проблем е организацијата. Ако поправката е голема — проблем е знаењето, деловите или самата машина.
Во MachineTakt
Техничарот го прифаќа повикот на телефонот, означува „Пристигнав“ и „Решено“ со вистинската причина. Така одзивот и поправката се мерат одделно, без пишување. MTTR и MTBF се гледаат по машина во модулот Одржување.