Приватност

Како ги чуваме вашите податоци

Кратко: собираме само што ќе внесете во формата, го праќаме само до нас и не следиме кој го посетува сајтот.

Кои податоци

Само она што ќе го внесете во формата за демо: име, фирма, телефон или е-пошта, порака и — ако дојдете од OEE калкулаторот — бројките што сте ги внеле таму.

Зошто

За да ви одговориме на барањето за демо, посета или пилот. Основ е вашата согласност (кутичката во формата), по Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП).

Каде одат

  • Формата се праќа како е-пошта само до сопственикот на сајтот. Сајтот нема база — ништо не се чува на него.
  • Не ги продаваме и не ги споделуваме со трети страни за маркетинг.
  • Технички обработувачи: Cloudflare (хостинг на сајтот и проверката против спам Turnstile) и давателот на услугата за е-пошта, само колку е потребно за пораката да стигне.

Колачиња и мерење

Не користиме колачиња за следење и нема банер за колачиња. Посетите ги мериме со Cloudflare Web Analytics, без колачиња и без профил на посетителот. Turnstile ја проверува само формата дека не ја пополнува бот.

Колку долго

Додека трае разговорот за демото или пилотот, а најдолго 12 месеци од последниот контакт. Потоа пораката се брише.

Вашите права

Можете да побарате пристап, исправка или бришење на вашите податоци и да ја повлечете согласноста во секое време — со е-пошта на адресата во Импресум. Имате право и на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Кој е одговорен

Операторот на сајтот, наведен во Импресум.